ReFRESH: Tourism Hackathon [2020]

Хакатонот #ReFRESH: Tourism има за цел со вклучување на академската ИКТ фела, компаниите, сорабoтниците, нашите партнери и студентите од различни факултети и универзитети да создадат производи за полесно работење, со кои сакаме да ги надминеме проблемите со кои се соочуваат компаниите и да ги потенцираме приоритетите на нашите корисници, но и да ги искористиме можностите на креаторите на производите. Како студенти на ФИНКИ, можеме и сакаме да дадеме голем придонес во развојот на нови алатки за секторот туризам со цел да им обезбедиме решенија што ќе го зголемат нивниот профит, а со тоа и ќе ја зголемиме побарувачката за работна сила. Знаејќи дека оваа индустрија се соочува со проблеми на старата технологија, која веќе не е во употреба во современиот свет и која бара големи промени, како и технологија што не може да донесе брз напредок, нашите студенти заедно со своите колеги од други факултети, ќе понудат различни иновативни решенија за процесот на автоматизација, олеснување и искористување на придобивките од информатиката во нивните компании. Активноста се реализира со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка, преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ.
4-6.12.2020

Платформа за колаборација

Настанот е завршен.

Спонзори